Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Коловски со четири гола донесе победа за ФК Вардар (1) генер. “2006“ , додека Вардар (2) загуби од Албарса
Коловски со четири гола донесе победа за ФК Вардар (1) генер. “2006“ , додека Вардар (2) загуби од Албарса

Коловски со четири гола донесе победа за ФК Вардар (1) генер. “2006“ , додека Вардар (2) загуби од Албарса

Генерацијата родени “2006“ година на фудбалскиот клуб Вардар денес го одиграа осмото коло во детската лига. Тие за противници ги имаа екипите на Албарса и Албион.

Најпрво на теренот излезе Вардар (2) кој за противник ја имаше екипата на Албарса. Овој меч му припадна убедливо на противникот со резултат 2:6. На полувреме резултатот беше 0:4. На стартот на вториот дел го намаливме резултатот на 1:4 со голот на Филип Симоновски. Во продолжение два нови гола на противникот за предност од 1:6. Втор гол за Вардар до крајот на мечот, дело на Михаил Танчев за резултат 2:6.

Вардар (1) успеа да го добие натпреварот со екипата на Албион и да слави со резултат 4:1. Сите четири погодоци на овој натпревар за црвено-црните беа дело на Стефан Коловски. Откако Коловски го отвори резултатот за 1:0, следеа неколку шанси за нашиот тим кои останаа неискористени. Најпрво се обиде Голубов, но неговиот удар го брани противничкиот голман. Дарко Сековски исто така шутираше над голот на Албион. На полувреме резултатот беше 1:0.

vardarfans-kolovski

Во второто полувреме следиме два нови одлични погодоци на Коловски за веќе убедливи 3:0, по што беше познат победникот на овој натпревар. Денес на голот добар беше Андреј Данстак, кој одбрани неколку добри топки на противникот. Нова шанса имаше и Давид Голубов, но резултатот остана непроменет. Противникот успева да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 3:1. До крајот на мечот уште еден гол во противничката мрежа, повторно дело на Стефан Коловски за конечен резултат од 4:1.