ФК Вардар во Анталија договори уште два пријателски натпревари. Најпрвин беше најавено дека ќе бидат одиграни пет пријателски натпревари, но планот се промени, па сега договорени се уште дополнителни две контроли.
Новите противници се Хајдук Сплит и Локомотив Пловдив од Бугарија. Ова значи дека Вардар покрај двата одиграни натпревари, ќе одигра и уште дури пет нови. Вардарци на изминатите два натпревари загубија од Стеауа 1:0, односно одиграа 1:1 против рускиот тим на Амкар Перм.
Целосниот распоред на останатите мечеви изгледа вака:
02.02 – Вардар – Дукла Прага
03.02. – Вардар – Хајдук Сплит
05.02. – Вардар – Анжи Махачкала
08.02. – Вардар – Локомотив Пловдив
09.02. – Вардар – Терек Грозни