Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лазаров прв, Циндриќ осми најдобар стрелец на завршеното СП во Франција

Лазаров прв, Циндриќ осми најдобар стрелец на завршеното СП во Франција

16402048_1232297930150384_1358100624_n

Заврши светското ракометно првенство, кое од 11-29-ти февраури се играше Франција. Токму домашната репрезентација успеа да се закити со златниот медал од мундијалот, која во големото финале ја победи Норвешка, која е најголемото изненадување. Бронзениот медал заврши во рацете на Словенија, додека четвртопласирана е Хрватска.

На ова СП имаше и девете ракометари на Вардар, а како најдобро рангиран заврши Лука Циндриќ. Покрај него учествуваа уште Стоилов, Поповски, Деревен, Дибиров, Шишкарев и Фереира кои стигнаа до осминафиналето, додека во најдобрите осум стигнаа Душебаев и Кањелас. Македонија повторно го има најдобриот стрелец на едно првенство, а тоа е капитенот Кирил Лазаров кој заврши на првото место со 50 постигнати голови. Втор е Лопес од Ангола со 47, трет Банур од Тунис со 45, додека четвртото место е за Екберг од Шведска со 43 погодоци. Што се однесува до играчите на Вардар, Лука Циндриќ е највисоко рангирн, кој мундијалот го заврши на високото осмо место на листата на најдобри стрелци. Лука беше и најефикасен играч во Хрватската репрезентација, а зад неговото име беа запишани 39 погодоци. Ова е големо достигнување за Лука кој беше еден од “моторите“ во составот на Бабиќ, кој на крај мораше да се задоволи со четвртото место.  Ова е добра вест и за тренерот Гонзалес кој во Лука ќе гледа во играч кој може да има голема улога во борбата за пласман на Вардар на завршниот турнир.

Вака изгледа листата на ТОП-10 најдобри стрелци на СП:

Кире Лазаров (Македонија) 50 гола

Серхио Лопес (Ангола) 47

Амине Банур (Тунис) 45

Кристијан Бјорнсен (Норвешка) 45

Никлас Екберг (Шведска) 43

Бјарте Мирхол (Норвешка) 42

Сандер Сагосен (Норвешка) 41

Лука Циндриќ (Хрватска) 39

Федерико Фернандез (Аргентина) 39

Габор Часар (Унгарија) 38

Гашпер Маргуч (Словенија) 38

Џери Толбринг (Шведска) 38

За МВП на СП беше прогласен Никола Карабатиќ. Во идеалниот тим се најдоа следниве ракометари:

Голман: Винсен Жерар (Франција)

Лево крило: Џери Толбринг (Шведска)

Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)

Десен бек: Недим Ремили (Франција)

Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Норвешка)

Пикер: Бјарте Мирхол (Норвешка)