Фудбалскиот клуб Вардар во пресрет на новата натпреварувачка сезона претстави уште четири нови играчи:
- Јорго Папули, 21 годишен играч од одбраната кој што дојде од романска Стеауа.
- Боби Целески, 25 годишен голман кој што дојде од екипата на Скопје.
-Христијан Вецески, 23 годишен играч од одбраната и средниот ред кој што дојде од екипата на Пелистер.
- Матеј Николов, 21 годишен играч на позицијата лев бек кој доаѓа како слободен играч.
Сите играчи потпишаа едногодишен договор со Вардар.