Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија го освои првото место на ЕХФ Шампионатот во Летонија. Момците на Раде Стојановиќ во големото финале беа подобри од репрезентацијата на Швајцарија.
Иако во последниот период од играта влеговме со два гола негатива, 20-22, се сепак на крајот Македонија победи со резултат 24:22. На тој начин оваа генерација обезбеди учество на следното кадетско СП 2023 и на младинското ЕП 2024 година.
Дел од составот на Македонија на овој ЕХФ Шампионат беа и двајца играчи на Вардар. Се работи за Марио Стојановски и Александар Стојменов.