Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ денес одиграа нови конролни натпревари
Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ денес одиграа нови конролни натпревари

Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ денес одиграа нови конролни натпревари

Генерациите на ФК Вардар родени “2002“ и “2003“ година денес одиграа нови натпревари со екипата на Пирин, односно Брегалница од Штип.

Вардаровата генерација “2003“ победи и на вториот контролен дуел против врсниците од Пирин (Бугарија). Денес на теренот на Академијата славевме со резултат од 2:1

ФК Вардар: Јовчев, Ѓорѓоски, Сељанац, Јовановски, Трпезановски, Давидовски, В.Стојановски, Петрушевски, Мирков, Г.Стојановски, Андрески.

Први го отворивме резултатот на овој натпревар кога по асистенција на Мирков, за водство од 1:0 погоди Марио Петрушевски. Екипата од Бугарија во понатамошниот период од првиот дел успева да го израмни резултатот на 1:1. Сепак до крајот на првото полувреме ја вративме предноста преку Антонио Мирков кој успешно стрела за 2:1. Со овој резултат заврши првото полувреме, но на крајот се покажа и како конечен резултат.

Генерацијата “2002“ на ФК Вардар одигра по едно полувреме со екипите на Пирин и Брегалница од Штип. И во вториот контролен дуел славевме со Пирин, овој пат минимално (1:0) со погодокот на Азер Омерагиќ. Со Брегалница ремизиравме со резултат 2:2. Стрелци на головите за Вардар беа Фисник Салиу и Леонид Игнатов.