Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Хамбарџумјан и Барсегјан со нови настапи за Ерменија
Хамбарџумјан и Барсегјан со нови настапи за Ерменија

Хамбарџумјан и Барсегјан со нови настапи за Ерменија

Нови натпревари за селекцијата на Ерменија вчера запишаа нашите играчи Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан. Тие со својата репрезентација во пријателски натпревар ја совладаа селекцијата на Белорусија убедливо со 4:1.

Двајцата наши играчи беа стартери на овој меч, Ховханес Хамбарџумјан ги одигра сите 90. минути, додека пак Тигран Барсегјан беше заменет во 76. минута од средбата. Во текот на утрешниот ден уште многу играчи на Вардар ќе настапат за своите репрезентации.

Исто така Хамбарџумјан и Барсегјан ќе конкурираат за уште еден пријателски меч против Кипар.