Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Најважно е да победиме – Борозан: Вардар е поквалитетен тим, но ќе биде тешко во дуелот со Загреб
Гонзалес: Најважно е да победиме – Борозан: Вардар е поквалитетен тим, но ќе биде тешко во дуелот со Загреб

Гонзалес: Најважно е да победиме – Борозан: Вардар е поквалитетен тим, но ќе биде тешко во дуелот со Загреб

Утре вечерта со почеток од 20 часот, европскиот шампион има гостување во Хрватска, против екипата на ППД Загреб. Ова ќе биде нивно трето соочување сезонава, откако на претходните два меча ( еден во СЕХА и ЛШ) победија црвено-црните. Речиси имаме идентична ситуација од минатата сезона, кога Вардар по четири одиграни кола имаше исто толку победи, и гостуваше токму на утрешниот противник. На тој дуел иако имавме предност од пет голови, на крајот сепак го загубивме минимално тој меч. Тренерот Гонзалес за официјалната страна на клубот најавува претпазливост во пресрет на овој дуел, кој вели дека ќе биде тешко секогаш кога се игра на гостински терен.

-Сега е слична ситуација како лани. одиме во Загреб како фаворити. Лани ние игравме добро 45 минути, имавме 5 гола, па загубивме. Треба да имаме почит кон ривалот, да играме 60 минути со мотив и концентрација. Знаеме дека ќе биде тешко, таму секогаш се игра со доста притисок. Може да играат 7 на 6 на пример. Но мислам дека играат повеќе или помалку како и секогаш. Но, надвор кога се игра е потешко. Сега играме во гости. Секој сака дома да победи. Сигурно дека салата ќе биде полна и не очекува добра атмосфера. Само сакаме да се фокусираме на Загреб, зашто после имаме време да мислиме на следните ривали. Победа си е победа. Тоа е сега најважното.

Најдобриот стрелец кај црвено-црните по пет одиграни кола, Борозан вели дека Вардар е поквалитетен тим, но дека ги очекува тежок натпревар.

-Меѓусебе добро се познаваме со Загреб. Верувам дека ќе играат повеќе 7 на 6, и така ќе се обидуваат да имаат предност. Ние сезонава двапати победивме, рутински. Сега не очекува исто така тежок меч. Очекувам екипата да игра можеби и поагресивно во одбрана, со цел да не сопре. Но, ние сме поквалитетни, истакна Борозан.