Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови победи на турнирот во Бугарија за ФК Вардар генер. 2006 и 2009
Нови победи на турнирот во Бугарија за ФК Вардар генер. 2006 и 2009

Нови победи на турнирот во Бугарија за ФК Вардар генер. 2006 и 2009

Денес своето второ коло на турнирот „Боровец Самоков Куп 2019“ го одиграа две генерации на ФК Вардар, кои стигнаа до нови победи.

Генерацијата родени 2009 година предводена од Илија Колевски стигнаа до вториот триумф на турнирот, откако беа подобри од екипата на Рилецо. Конечниот резултат од 2:1 не ја отсликува реалната слика на теренот, вардарци имаа многу шанси и можат да жалат што не стигнаа до поубедлив триумф. Двата гола беа дело на еден ист играч, се работи за Јаков Стојковски, додека нашите млади надежи и на полувреме имаа водство од 1:0. Пред крајот на мечот, судијата покажа на белата точка за противникот, кој успешно го реализираа. Имавме неколку добри прилики преку Михајловски, Колевски и Папалиски, кои останаа неискористени.

1

Втора победа на турнирот и за ФК Вардар генер. 2006 на Филип Спасевски, кои убедливо ја победија екипата на Рилски Спортист. На меч на кој доминиравме славевме со резултат 4:0. Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци. Се работи за Нуман Ајетовиќ, Антони Динов, Михаил Танчев и Олег Трифуновски.

Првото полувреме започна со иницијатива на нашата екипа и веднаш тоа вроди со плод откако Нуман Ајетовиќ продре по левата страна, влезе во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата за водство од 1:0.До крајот на полувремето дадовме уште еден гол откако Нуман Ајетовиќ центрираше до Антони Динов а овој рутински ја затресе мрежата за водство од 2:0.

55887869_264367767803715_3202184718040694784_n

Во второто полувреме повторно бевме подобар противник и набрзо поведовме со 3:0 преку Михаил Танчев кој ја поведе топката од својата половина ,ја помина целата одбрана на противникот и со прецизен шут ја смести топката во мрежата. До крајот пристигнавме уште еден гол преку Олег Трифуновски за конечни 4:0

2

Своето второ коло до крајот на денот ќе го одигра генерацијата 2007 која за противник ја има екипата на ФК Марек.