Изминатиот викенд започна првото пролетно, односно шесттото коло во женската пионерска лига. По истото пионерките на ЖРК Вардар ја зацврстија лидерската позиција на табелата во групата-1. Тие сега имаат максимални 18.бода предност односно осум пред второласираниот тим на Металург кој има за доигрување еден дуел.
Ние гостувавме во Делчево каде одигравме еден интересен дуел, постојано водевме сепак во финишот го “скршивме“ резултатски противникот и триумфиравме со 15-19. Прв стрелец беше Бојана Коцева со шест гола, апак Сара Стефановска погоди три пати. Покажавме дека ова е млад и надежен тим пред кого се големи успеси доколку продолжи да го оди овој пат. Покрај оваа средба во ова коло Куманово го победи тимот на Ѓорче со 17-7. Повеќе од очекувано е дека девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева лесно ќе ја приведат сезоната до крај и ќе обезбедат завршен Ф-4 турнир. Теоретски гледано до крајот ни е потребна само една победа за пласман на завршницата.
Напомена: Металург и Гостивар својот дуел од ова коло ќе го одиграат задутре. Табелата после шест кола изгледа вака: