Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Разгор и Јуринок: Нашата предност во дуелот со Вардар се домашниот терен и навивачите
Разгор и Јуринок: Нашата предност во дуелот со Вардар се домашниот терен и навивачите

Разгор и Јуринок: Нашата предност во дуелот со Вардар се домашниот терен и навивачите

Вечерва со почеток од 19:00 часот не очекува полуфиналниот дуел од СЕХА-лигата, на кој ќе се сретнат екипите на Брест Мешков и Вардар. Црвено-црните ќе се обидат да стигнат до својот петти трофеј, додека Брест Мешков се уште го нема почуствувано шампионското славје во ова натпреварување. Како домаќин на овој Ф4 од осмата сезона на СЕХА-лигата, домашните играчи ставаат акцент на домашниот терен и навивачите, кои сметаат дека може да биде предност пред дуелот со Вардар. Какви се очекувањата на левото крило во редовите на Брест, се работи за Симон Разгор кој го изјави следново:

-Мислам дека имаме мала предност во овој дуел со Вардар, пред се поради домашниот терен, а се надевам и на голема поддршка од нашите навивачи. Пред две години, се соочивме со Веспрем во полуфиналето на домашен терен, сега претпоставувам дека Вардар не е толку силен колку Веспрем во 2017 година. Нашиот сон е да играме финале и да стигнеме до првиот трофеј во СЕХА-лигата. Двете екипи одигравме натпревари во Лигата на Шампионите изминатиов викенд, сигурно дека сме уморни, но мора да се насочиме кон денешното полуфинале. 

Свое видување за дуелот со Вардар имаше и неговиот соиграч на истата позиција, се работи за Андреј Јуринок.

-Сметам дека шансите се 50:50 за двете екипи да се пласираат во финалето. Добро се познаваме со Вардар, нашата предност е домашниот терен и навивачите кои очекувам да ни пружат голема поддршка. Иако имавме само два дена да се опоравиме од елиминацијата против Фленсбург во ЛШ, се надевам дека ќе можеме да победиме, по повод јубилејот на нашиот град, кој слави 1000 години постоење.