Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Џемал Ибиши: Потписот за првиот тим на ФК Вардар е мојот најголем успех, голема мотивација за понатамошно напредување
Џемал Ибиши: Потписот за првиот тим на ФК Вардар е мојот најголем успех, голема мотивација за понатамошно напредување

Џемал Ибиши: Потписот за првиот тим на ФК Вардар е мојот најголем успех, голема мотивација за понатамошно напредување

Во следното наше интервју ве запознаваме со играчот кој на само 18 години потпиша професионален договор со првиот тим на фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за Џемаил Ибиши кој само после 18 месеци играње во Вардар се истакна најпрво во младинските категории на клубот, за потоа неговите квалитети да бидат препознаени и од тренерот на првиот тим, Александар Васоски, кој му даде доверба да биде дел од подготовки во Аланија, каде остави одличен впечаток. Како награда за добрите игри стигна и потпис на договор со првиот тим, а Ибиши веќе успеа да се запише во листата на стрелци на мечевите од ПМФЛ, постигнувајќи два гола во црвено-црниот дрес. Минатата сезона доаѓа од екипата на Металург и уште во првата сезона како дел Вардар започна да бележи успеси. Стана играч кој успеваше во една сезона да постигне голови за три младински генерации на клубот, додека на турнирот во Сараево на кој генерацијата 2002 на Вардар освои прво место, Ибиши беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот. Како што напоменавме тренира и настапува за првиот тим, а се става во целост и на услугите на младинскиот состав, кога за тоа има можност. Прочитајте го интервјуто можеби со новата фудбалска „ѕвезда“ на Вардар и Македонската репрезентација.

1. Во кој клуб започна да играш фудбал, кој беше првиот тренер од кој имаше можност да учиш и во кои се екипи настапуваше пред да преминеш во Вардар ?

-Почетокот на мојата младинска кариера започна во ФК Треска од каде за брзо време преминав во ФК Сарај. Тука ми започна соработката за идна професионална кариера со тренерот Шериф Шерифи на 10 годишна возраст. После неколку години продолжив да тренирам и играм за ФК Металург каде постигнав многу успех, кој што ми помогна да преминам во младинските категории на ФК Вардар.

157

2. Кој ја има заслугата за вашето доаѓање во Вардар ?

2. Заслуга за мојот премин во ФК Вардар е мојот успех и постигнати голови со претходните екипи и мојата желба за да бидам дел од црвено-црните, додека луѓето кои ме примија беа тренерите од Академијата на ФК Вардар.

3. Во младинските категории на Вардар имаше можност да соработуваш со неколку различни тренери.Колку научи од нив и колку истите ти помогнаа да стигнеш до првиот тим. Дали можеш да издвоиш еден тренер, кој со својата работа ти остави посебен впечаток ?

-Тренерите на младинските екипи на ФК Вардар се една од причините поради кои стигнав да играм за првиот тим. Тренерот Саше Тодоровски, еден од најдобрите тренери на ФК Вардар е човекот од кој со неговите професионални искуства како тренер имам стекнато обемно знаење во областа на професионалниот фудбал.

vardarfans-pripremi

4. Беше дел од зимските подготовки во Аланија со првиот тим, едно сосема поинакво искуство за вас. Колку истите ви помогнаа да се подготвите за пролетниот дел од сезоната ?

-Горд сум што бев дел од подготовките во Аланја со првиот тим на Вардар. За време на нашиот престој во Аланија постојано имавме интензивни тренинзи, истите беа добра прилика да се усовршиме како тим и да бидеме спремни за почетокот на вториот дел од сезоната.

5. На само 18 години потпишавте професионален договор со првиот тим. Дали очекувавте вакво нешто со оглед дека само вие и Димоски успеавте да се издвоите и да оставите посебен впечаток кај стручниот штаб, на споменатиот подготвителен период ?

20031-ibishi-i-dimoski-potpishaa-profesionalni-dogovori-so-vardar-660x330

-Да бидам искрен, очекував да бидам одбран како дел од првиот тим, затоа што однапред веќе тренирав со првиот тим. За мене ова е најголемиот постигнат успех во мојата досегашна професионална кариера, би рекол одлична мотивација за понатамошно напредување.

6. Моментално, почесто тренирате со првиот тим, но кога постои можност играте натпревари и за младинскиот состав на Вардар. Колку е напорно да се одговори на сите тие обврски, како Ибиши се справува со сето ова ?

-Со оглед на тоа што фудбалот за мене е се, ниту една обврска која ми е дадена од клубот за мене не претставува напор ниту пак замор, туку тоа го правам со сета волја и потготвен сум да одговарам на сите обврски од страна на клубот.

1019

7. Во ПМФЛ имате осум бодови помалку од екипата на Шкендија. Дали сметаш дека Вардар може сериозно да се вмеша во борба за шампионската титула, или првенството е веќе решено ?

-Се уште е рано да се каже дека првенството е решено. Имаме големи шанси и капацитет да бидеме први и да ја освоиме титулата. Ќе се обидам максимално и ќе дадам се од себе, заедно со тимот за да го постигнеме овој успех и да бидеме први во ПМФЛ.

8.Бевте дел и од националната репрезентација до 18 години на контролните мечеви против Албанија. Дали има перспектива во оваа селекција на Македонија и кои се следните активности на репрезентативно ниво ?

-Секако дека има перспектива во тимот за репрезентацијата до 18 години, но сепак треба да вежбаме поинтензивно и да имаме тренинзи почесто како тим за да постигнеме повисоки успеси. Во тек на почетниот период од наредната 2019/2020 сезона ќе имаме квалификациски мечеви каде што очекуваме да преминеме во понатамошната фаза на натпреварување.

vardar-so-devet-mladinci-vo-sostavot-nemokjen-protiv-cherno-more-198511

9. Сигурно дека првичната цел ја остваривте со потпис на професионален договор. Какви се вашите планови за во иднина, дали имате размислувано на оваа тема ?

-Сега за сега ќе останам да бидам дел од ФК Вардар. Начинот на кој ќе се покажам како успешен играч и приликите кои ќе ги имам ќе бидат причина во мојата одлука за мојата идна кариера. 

10. Дали Ибиши има свој фудбалски идол ?

-Секако дека имам. Мојот омилен фудбалер е Роберто Фирминјо од кого долго време се огледувам и би сакал да го постигнам неговиот успех, а зошто да не и повеќе.

Звонко Ивановски