Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови победи за Вардаровите генерации “2003“ и “2004“ кои го совладаа Скопје, во заостанатото коло од регионалната-скопска лига
Нови победи за Вардаровите генерации “2003“ и “2004“ кои го совладаа Скопје, во заостанатото коло од регионалната-скопска лига

Нови победи за Вардаровите генерации “2003“ и “2004“ кои го совладаа Скопје, во заостанатото коло од регионалната-скопска лига

Во текот на вчерашниот ден, генерациите на фудбалскиот клуб Вардар родени “2003“ и “2004“ година го одиграа заостанатото коло во регионалната-скопска лига. Противник ни беше екипата на Скопје, над кој издвојувавме две победи на теренот во Кадино.

Вардаровата генерација “2004“ под водство на Игор Кралевски продолжува да реди победи во ова натпреварување, откако беше подобра и од екипата на Скопје. На овој дуел славевме триумф со резултат од 0:2. Играчот кој донесе три бода на овој натпревар беше Никола Павлески, кој ги постигна двата гола.

ФК Вардар: Гигов, Љушев, Анчевски, Серафимов, Павлески, Јаневски, Каровски, Хајдари, Гуџуфи, Попов, Стоимов. 

На клупата за резерви беа: Ангелов, Ивановски, Јовановски, Перковски, Сурлов и Богдановски.

Убедлива победа славеше и генерацијата “2003“ на ФК Вардар, која ги совлада врсниците од Скопје. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 1:6. Уште на полувреме беше јасно кој ќе ги освои бодовите, кога избраниците на Петрески имаа предност од 0:3. Голеадата на овој дуел ја отвори Марио Петрушевски, кој им донесе водство на црвено-црните од 0:1. Набргу зголемивме и на 0:2 со погодокот на Алек Сељанац, за убедливо водство по првиот дел да донесе Александро Прелоговски, кој го зголеми резултатот на 0:3.

Истиов играч го отвори второто полувреме со неговиот втор гол, Прелоговски му носи сигурна предност на својот тим од 0:4. За “петарда“ во мрежата на домашната екипа се погрижи Благоја Јаневски, кој со својот прв гол донесе предност на Вардар од 0:5. Следеше почесен и единствен гол на овој дуел за екипата на Скопје, која го намали резултатот на 1:5, за натпреварот со хет-трик да го заокружи Прелоговски, кој ги постави конечните 1:6 на натпреварот.

ФК Вардар: Стојковски, Марковски, Трпезановски, Сељанац, Јовановски, Давидовски, Стојановски, Петрушевски, Мирков, Прелоговски, Хасани. 

Во сабота не очекува дерби со екипата на Шкендија од Тетово.