Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар Јуниор убедливо ја победија екипата на Велкова 5
Кадетките на Вардар Јуниор убедливо ја победија екипата на  Велкова 5

Кадетките на Вардар Јуниор убедливо ја победија екипата на Велкова 5

Кадетките на Вардар Јуниор стигнаа до нова убедлива победа, во рамките на натпревар од женската кадетска лига. Вечерва во С.Р.Ц. Кале, избраничките на Драгана Пецевска убедливо ја победија екипата на Велкова со резултат 35:14.

Уште од стартот на натпреварот навестивме дека бодовите ќе завршат кај нас, кога ги постигнавме првите четири голови на натпреварот и поведовме со резултат 4:0. Сепак противничката екипа врати со серија од 0:3 и намали на 4:3, а во 7 минута за прв пат на натпреварот резултатот беше израмнет на 5:5. Тоа беше и последно израмнување на дуелот, а Вардарки доминираа до крајот на мечот. Најпрво направивме нова серија од 5:0 и се одлепивме резултатски од противникот, за предност од 10:5. До крајот на првото полувреме само растеше разликата во наша корист и на одмор заминавме со резултат од 15:8.

Во второто полувреме, црвено-црните започнаа фуриозно кога постигнаа десет последователни голови и му “побегнаа“ на противникот на високи 17 голови разлика (25:8). Во вториот дел, екипата на Велкова постигна само шест голови, што говори за одразот на силите на теренот.Само растеше водството за Вардар, кое на крајот беше изразено во убедлив триумф од 35:14.

Кај Вардар Јуниор убедливо најефикасна беше крилото Мирјана Петковска со 9 постигнати голови. Стефанија Ѓорѓиевска постигна 6, додека Андреа Седлоска додаде 5 голови. На голот започна Симона Грујовска која за 20 минути на голот имаше 4 одбрани и две фрлени контри за нејзините соиграчки, додека Јована Трајковска за 40 минути имаше 7 успешни интервенции и три успешно фрлени контри.

Вардар Јуниор: Трајковска, Гроздановска 4, Арсовска, Дамјановска, Гонзалес 1, Ѓорѓиевска 6, Донева, Петковска 9, Грујовска, Софтовска 3, Џатевска, Костовиќ 3, Миновска 1, Седлоска, 5 Коларовска 3, Галевска.