Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Полуфинале за генер. 2006 и четвртфинале за генер. 2007, на турнирот „Црно Море Куп“
Полуфинале за генер. 2006 и четвртфинале за генер. 2007, на турнирот „Црно Море Куп“

Полуфинале за генер. 2006 и четвртфинале за генер. 2007, на турнирот „Црно Море Куп“

Во текот на денешшниот ден продолжија натпреварите на турнирот во Несебар, за две генерации на ФК Вардар, кои повторно имаа победничко коло.

Избраниците на Филип Спасевски, генерацијата 2006 на Вардар, стигна и до својот трет триумф денес, откако беше подобра од екипата на Дусх од Украина. Црвено-црните беа многу подобрата екипа на теренот, а конечниот резултат од 1:0, не ја отсликува реалната слика на теренот. Шампионите на Македонија имаа голем дел од играта, создадовме уште навистина неколку добри шанси, кои останаа без реализација. Стрелец на единствениот погодок на овој меч беше Алтин Алији. На тој начин Вардар со три победи во групата Ц го освои првото место и во текот на утрешниот ден ќе игра во полуфиналето на турнирот „Црно Море Куп“. За потсетување на претходните два меча, вардарци беа подобри од екипите на Ника (5:0) и на Локомотив Софија (2:0)

До трета победа стигна и генерацијата 2007 на Вардар која беше подобра во дуелот со Тиха Варна, со резултат 3:0. Бевме одлични и на овој меч, на кој имавме целосна доминација на теренот. Лука Јаневски и Даниел Исајловски го завршија овој дуел со чиста мрежа. Тројца различни играчи се запишаа во листата на стрелци во редовите на Вардар. Се работи за Филип Смиљков, Александар Грашески и Марко Киш. И оваа вардарова генерација го осигрува првото место во групата и утре ќе игра во четврт-финалето на турнирот. Претходно во групната фаза ги совладавме екипите на Локомотив Софија (0:5) и Хасково (10:0)