Голем успех за генерацијата 2008 на фудбалскиот клуб Вардар, која успеа да освои трето место на масовниот меѓународен турнир “Драган Манце Куп 2019“ во Белград. Избраниците на Влатко Колев одиграа нов одличен турнир и на крајот се закитија со бронзениот медал, во конкуренција на 40 екипи.
Во четврт-финалето, нашите млади надежи силите ги одмерија со екипата на Мачва, која ја победија убедливо со резултат 5:1. Во полуфиналето одигравме дуел со екипата на Аполон, кој за жал го загубивме со резултат 3:1, токму тимот на Аполон успеа да го освои на крајот овој турнир.
Во борбата за третото место, црвено-црните дури по изведување на удари од белата точка ја победија екипата на Слога. Во регуларниот дел мечот заврши без победник (1:1), Ненад Дамјаноски го постигна голот за Вардар. После изведувањето на пенали триумфиравме со резултат 3:2. Во пенал серијата за нашиот тим погодија Стефан Бранковски, Матеј Киш и Арти Азизи. Во групната фаза одигравме четири натпревари, од кои три ги добивме во наша корист.
Генерацијата 2009 на Вардар немаш среќа и настапите на турнирот ги заврши во четврт-финалето. Загубивме од екипата на Дадех, после изведување на удари од белата точка, со резултат 3:2, додека во регуларниот дел мечот заврши со резултат 1:1. Избраниците на Илија Колевски први успеаа да поведат на овој дуел, со голот на Јаков Стојковски, но противникот до крајот на дуелот израмни на 1:1. И ова е одличен успех за оваа генерација на Вардар, која стигна во најдобрите осум, од вкупно 40 екипи колку што се натпреваруваа на турнирот.