Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови победи за вардаровите екипи на турнирот во Бугарија, утре е последниот натпреварувачки ден
Нови победи за вардаровите екипи на турнирот во Бугарија, утре е последниот натпреварувачки ден

Нови победи за вардаровите екипи на турнирот во Бугарија, утре е последниот натпреварувачки ден

Во текот на денешниот ден продолжија натпреварите на турнирот „Боровец Самоков Куп“ за генерациите на ФК Вардар. Два натпревари одигра генерацијата 2009, додека еден меч и генерацијата 2007.

Генерацијата 2009 на Вардар успеа да го добие и својот трет меч на турнирот, откако славеше со резулатски пресврт (3:1) во дуелот со екипата на Рилски Спортист. На полувреме противникот беше тој кој имаше водство од 3:1. Сепак во вториот дел ги реализиравме шансите, што не ни успеваше во првиот дел, па со три гола во мрежата на бугарите, издвојувавме нов триумф. Стрелец на головите беше Васе Папалиски и тоа два, додека еден беше за Јаков Стојковски.

Во вториот дел на денешната програма генерацијата 2009 за противник ја имаше екипата на Розова Долина, која ја совладавме со резултат 2:0. И на овој дуел имавме поголем дел од играта и неколку добри шанси, од кои две ги претворивме во погодок, што беше доволно за триумф. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Стрелци на головите беа Павел Котески-Митровски од пенал и Јаков Стојковски од игра.

Наптревар денес одигра и генерацијата 2007 која ја победи екипата на Розова Долина, со резултат 4:0. Доминиравме и на овој меч и заслужено стигнавме до нова победа на турнирот. Јулијан Битиќи, Александар Грашески, Стефан Младеновски  и Марко Киш беа стрелци на головите за нашиот тим.

Утре на програмата е последниот натпреварувачки ден на турнирот, а нашите генерации се блиску до освојување на овој турнир.