Гол за најавните шпици, тоа го може само капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов. Ова не е прв пат, Стоилов да ја затресе мрежата, а да не го гледа противничкиот гол. Во големото финале против Загреб, со „шрауба“ успеа да го совлада Кастелиќ. Иако овој погодок не е прогласен за најдобар во финалниот дуел, медија тимот на СЕХА го издвои како нешто посебно, мајсторија која ретко се гледа на ракометните терени.