Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор гостува во Прилеп, ЖРК Вардар на “мегдан“ со Стружанка
Вардар Јуниор гостува во Прилеп, ЖРК Вардар на “мегдан“ со Стружанка

Вардар Јуниор гостува во Прилеп, ЖРК Вардар на “мегдан“ со Стружанка

Двете сениорски екипи на ракометниот клуб Вардар овој викенд играат дуели од најквалитетната супер лига.

Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, тимот на Вардар Јуниор игра гостински дуел во плеј-аутот. Тие гостуваат на тимот на РК Прилеп 2010. Овој дуел е важен бидејќи двата тима се обидуваат да ја избегнат предпоследната позиција на табелата која носи бараж за опстанок. Ние имаме 18.бода, а ривалот пет помалку со евентуална наша победа повеќе од сигурен ни е дирекниот опстанок. Натпреварот се игра на 06/04/2019 со почеток во 19-30 часот.

Девојките на Симовски, Ристова и Царчев овој викенд го играат треттото коло од Плеј-офот во женската суперлигашка конкуренција. ЖРК Вардар има низа на неуспеси зад себе па ќе се обиде да ја прекине низата на гостувањето кај тимот на ЖРК Стружанка. Натпреварот се игра исто така во сабота, на 6.април со почеток во 15-30 часот.