Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на ЖРК Вардар во недела гостуваат на РК Ѓорче
Пионерките на ЖРК  Вардар во недела гостуваат на РК Ѓорче

Пионерките на ЖРК Вардар во недела гостуваат на РК Ѓорче

Викендов од младите екипи на ракометниот клуб Вардар ќе настапи само пионерскиот состав предводен од Анжела Платон. Тие ќе одиграат дуел до второто пролетно или 7-мото коло во оваа сезона. Кадетките и кадетите ова коло се слободни па со дуели продолжуваат идната недела.

Тимот на ЖРК Ѓорче го пречекува пионерскиот тим на  ЖРК Вардар в недела. Натпреварот ќе се игра в на  07.04.2019 со почеток во 20,00 часот. Дуелот ќе се игра во скопската населба Волково, во  салата “Христо Батанџиев“. По шест кола црвено-црните дами имаат максимални 18.бода па со победа во недела уште сега по второто пролетно коло ќе го осигураат пласманот на завршниот Ф-4 турнир. Во оваа битка сме ослабнати за капитенот Александра Коловска која заработи повреда на првото гостување во лигата кај тимот на РК Делчево.