Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ФОТО) Дисингер: Голема победа, ви благодарам момци
(ФОТО) Дисингер: Голема победа, ви благодарам момци

(ФОТО) Дисингер: Голема победа, ви благодарам момци

Засилувањето кое пристигна оваа сезона во редовите на Вардар, Кристијан Дисингер немаше среќа до крај да го заврши финалниот дуел во СЕХА-лигата, откако на неколку секунди пред крајот на првото полувреме, заработи повреда, откако на него грубо стартуваше Поточник, по што заработи црвен картон. На прв поглед изгледаше страшна повредата на германецот, но првичните прегледи покажаа дека не се работи за скршеница.

Неговите соиграчи трофејот му го посветија токму нему, упатувајќи му голема поддршка. После завршување на финалето, тие веднаш се упатија во соблекувалната и направија видео во чест на Дисингер. Неговиот дрес беше таму, а вардарци на различни јазици му посакаа брзо опоравување. На својот инстаграм профил, Дисингер се заблагодари за поддршката и напиша „Барем дресот ми беше таму. Голема победа! Ви благодарам, момци!

vardarfans-disinger-2

Во текот на денешниот ден очекуваме информации од клубот за неговата состојба и кога би можел да се врати на терените.