Селекторот Данило Брестовац, го објави списокот на ракометари за на кадетската репрезентација на Македонија. Тој ги дефинираше момците кои ќе играат на турнирот “Ракометот е моја иднина“ в Бугојно. Турнирот в БиХ ќе се одржи од 18- 21 април.
На овој собир ќе има осум репрезентации за ракометари од генерацијата 2000 година и помали. Црвено-жолтите ќе бидат во група А со Германија, Швајцарија и Србија. На списокот се најдоа пет ракометни надежи на ракометниот клуб Вардар. Ова е списокот на повикани.