ЖКК Вардар во изминатото коло успеа да ја совлада екипата на Бадел 1862 во директен дуел за врвот на табелата. Девојките на Жаклина Стојановска в гости одиграа феноменално и го совладаа шампионот со 63-77, со истата победа се оделпија на врвот на табелата каде сме лидери со 35.бода, односно два повеќе од сино-жолтите дами.
Викендов не очекува дуел на кој ќе се обидеме да дојдеме до 11.победа во низа, на гости во малата сала при СРЦ “Кале“ ни гостува тимот кој е 9.пласиран на тебелата во Првата кошаркарска женска лига екипата на КК Шкупи од Скопје. Црвено-црните девојки се апсолутен фаворит за победа во овој дуел, па повеќе од очекувано е дека ќе го задржат врвот на табелата и по ова коло.
Лидерската позиција на табелата не е случајна, ние доминираме оваа пролет и сме тим со највеќе победи во лигата. Вардарки со постигнати 1533 поени се најефикасен тим во лигата, тие ја имаат и најдобрата одбрана која прими само 729 коша досега.