Во сабота на теренот на Академијата не очекува вистински маратон од фудбалски натпревари. Четири генерации на ФК Вардар ќе одиграат дури и тоа против ист пртивник, тоа е екипата на Њу Старс.
Генерациите на Вардар родени 2004 и 2005 година ќе се обидат да се вратат на победнички колосек, доколку сакаат на крајот од сезоната да го подигнат трофејот во рамките на регионалната-скопска лига. И двете екипи имаа неуспешни настапи во минатото коло, кога гостуваа на екипата на Милано, помладите освоија бод, додека повозрасните загубија минимално, со што повторно го загрозуваме првото место на крајот од сезоната. Њу Старс ќе биде прилика да се вратиме на победите во вистинско време и да го задржиме врвот. Фаворитската улога е на наша страна, се надеваме дека младите надежи на Вардар тоа ќе го покажат и на теренот. Во есенскиот дел, славевме на гостински терен, генерацијата 2004 на Вардар победи тешко со 1:2, додека генерацијата 2005 беше убедлива и триумфираше со резултат 0:5. Мечевите на овие две генерации на Вардар во дуелите со Њу Старс, започнуваат во термините од 14:00 и 16:00 часот, како што напоменавме во сабота на теренот на Академијата.
Реприза од минатото коло, ќе гледаме и кај повозрасните младински категории. Од овој викенд стартува 19.коло или третиот последен круг на натпреварување. Повторно наш противник е екипата на Њу Старс и повторно во исти денови и исти саатници. Разликата е што кадетите и младинците во ова коло ќе бидат домаќини на теренот на Академијата, во термините од 10:00 и 12:00 часот, додека пионерските екипи повторно во недела гостуваат на теренот во населбата Ѓорче. Пионерите и кадетите на Вардар немаат победа оваа сезона во дуелите со Њу Старс, па еве уште една прилика за поправен, само младинците можат да се пофалат со скор од 2-0, додека пом.пионери имаат една победа и нерешен резултат. Вардаровите кадети уште од есенскиот дел се отпишани во борбата за трофејот, додека младинците и понатаму „бркаат“ осум бода заостанување зад екипата на Шкендија, која е лидер во двете возрасни категории. Пионерските екипи на Вардар се лидери, но со само три бода пред повеќе од второпласираниот на табелата.