Додека останатите прволигаши се засилуваат пред крајот на преодниот рок, во редовите на ФК Вардар регистрираме само заминувања, па така следни во низата кои го напуштија шампионот се искусниот играч од средината на теренот Милан Петровиќ и младиот Андреј Стојчевски.
Петровиќ потпиша договор со азербејџанскиот Сабаил каде веќе и настапува, додека пак Васоски му ,,зеде” уште еден играч на поранешниот тим, а тоа е Андреј Стојчевски кој одигра одлични натпревари есеноска.
Со заминувањето на овие двајца и претходно на Мицевски, Вардар сега има многу ,,тенок” среден ред, па позициите ќе треба да ги пополнуваат Најденов и Лазаревиќ.
Вардар во недела го игра дербито со Пелистер, како старт на пролетниот дел од сезоната.