Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали РК Вардар 1961 ќе остане без планираниот ваучер од АМС
Дали РК Вардар 1961 ќе остане без планираниот ваучер од АМС

Дали РК Вардар 1961 ќе остане без планираниот ваучер од АМС

Ракометниот клуб Вардар може да остане без ваучерот при распределба на средствата од Агенцијата за млади и спорт.

Со оглед дека РК Вардар настапува со нов субјект, односно промената на сопственоста од Сергеј Самсоненко на Михајло Михајловски, ќе претставува проблем за поранешниот Европски Шампион да го добие потребниот ваучер кој му следува.

Според прописите, секој клуб може да конкурира за помош од државата, само доколку најмалку две години е во систем на натпреварување, што не е случај со РК Вардар 1961 кој имаше додавка на своето име. Актуелниот сопственик на Вардар ги „избегна“ долговите кои беа направени од претходната гарнитура, но сега може да остане без планираната помош (околу 350.000 евра).

Во следниве денови комисијата на Агенцијата за млади и спорт утре треба да ја објави листата на ваучери за спортски клубови и федерации, па ќе видиме дали РК Вардар 1961 ќе се најде на истата.