Во наредниов текст се запознаваме со членот на Фк Вардар генерација “2006“. Се работи за доста младо перспективно и талентирано момче, со големи достигнувања зад неговот име.
Давор Лефковски е роден на 26 јуни 2006 година. Фудбал започнува да тренира на шест години во фудбалскиот клуб Драчево, под водство на тренерот Горан Крковски. Тука се задржува една година, после која продолжува во екипата на Форца, предводена од тренерот Јовче Џипунов. Следна негова дестинација е Фк Вардар, во кој настапува моментално. Иако е роден “2006“ година, Давор се натпреварува во детската лига за екипата предводена од тренерот Зоран Петковски, тоа е генерација родени “2005“ година. Во Вардар веќе настапува две години и со успех настапува за црвено-црните бои.
Има освоено голем број на дипломи, медали и признанија од кои најзначајни се: прво место на завршен турнир во ФФМ детската лига за генерација “2005“, потоа многубројни турнири како Караорман куп, LG kup, Синалко Куп и Кул Куп, прво место на завршен турнир во ФФМ детската лига за генерацја “2006“. Прогласен е за најперспективен играч на турнир во мал фудбал, како и диплома за најдобар стрелец на екипата на Охрид Топ Тим. Се најде во идеалниот тим на турнирот “Кул Куп“ одржан во населбите Карпош и Кисела Вода. Има учествувано на повеќе домашни и меѓународни турнири. Покрај тоа што се напреварува за генерација “2005“ , Давор паралелно учествува и на турнири со Фк Вардар генерација “2006“ која ја предводи Игор Кралевски.
На последниот освоен турнир во Охрид, Давор беше најдобар стрелец за црвено-црните во финалниот меч против екипата на Форца кој го добивме со резултат 8:1. На тој дуел “Вардаровиот бисер“ постигна дури пет голови, донесувајќи му нов трофеј од овие учества.
Давор Лефковски е најдобриот стрелец за Вардар (1) генерација “2005“ во првиот дел од детската фудбалска лига. Ова момче има постигнато вкупно 14 голови и се наоѓа на врвот на листата на стрелци. Игра на позицијата напаѓач. Неговата екипа е убедливо најдобра во својата конкуренција, со вкупно 11 победи без ниту еден неуспех и максимално освоени 33 бода.
Звонко Ивановски