ФК Вардар ја заокружуваа оваа есен со победа. Момците на ФК Вардар се веќе во Велес, и го очекуваат последниот свој натпревар за оваа календарска година. Вардарци направија предност од 5 бода пред Шкендија, па за очекување е оваа предност бодовна да ја задржиме и после овој натпревар, и да влеземе во ”голем сон” се до март, кога единствената задача на овие момци ќе им биде да ја одбранат титулата во ПМФЛ. По овој натпревар очекуваме, управата на ФК Вардар да започне со ”пикирање” на нови играчи кои ќе го засилат тимот во походот кон нова титула.