Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Филип Ивиќ за Вардар фанс: Очекувам атмосферата во салата да биде добра, бидејќи Вардаровите навивачи секогаш се подготвени за навивање
Филип Ивиќ за Вардар фанс: Очекувам атмосферата во салата да биде добра, бидејќи Вардаровите навивачи секогаш се подготвени за навивање

Филип Ивиќ за Вардар фанс: Очекувам атмосферата во салата да биде добра, бидејќи Вардаровите навивачи секогаш се подготвени за навивање

Денес со почеток од 17:45 минути во спортскиот центар Јане Сандански ќе се одигра дерби дуелот во сеха-лигата, помеѓу екипите на Вардар и Загреб. Двете екипи влегуваат во овој меч, после напорните настапи во лигата на шампиони. Вардарци очекуваат да вратат со иста мера, кога во Хрватска Загреб беше поуспешен во првата наша средба за оваа сезона. Двете екипи имаат мали проблеми со повредени играчи, но очекувањата во двата табори се големи. Еден од најперспективните млади голмани и член на Загреб Филип Ивиќ, за нашиот сајт ги споделува своите впечатоци за денешениот натпревар.

-Сигурно дека не очекува еден тежок натпревар. Вардар игра многу добро оваа сезона и сигурно дека имаме респект спрема нив. Ние имаме мали проблеми со повредени играчи, но ќе пружиме максимален отпор, исто како во Полска против екипата на Висла во лигата на шампиони.

Добра му е позната атмосферата на Ивиќ, посебно во сеќавање ќе му остане мечот на Кале, кога Комити му приредија незаборавен пречек на популарниот Вујо.

Очекувам  атмосферата во салата да биде добра , бидејќи Вардаровите навивачи секогаш се подготвени за навивање. До крајот на регуларниот дел, сметам дека двете екипи ќе се најдат за навршниот турнир во сеха-лигата, изјави Филип Ивиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски