Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ и Кликовац со значајна улога во победата на Ц. Гора, против селекцијата на Тунис
Радичевиќ и Кликовац со значајна улога во победата на Ц. Гора, против селекцијата на Тунис

Радичевиќ и Кликовац со значајна улога во победата на Ц. Гора, против селекцијата на Тунис

Вчера се одигра четвртото коло на светското ракометно првенство за жени, кое во наредниов период се одржува во Данска. Репрезентацијата на Црна Гора во која настапуваат три ракометарки на Вардар забележа уште сигурна и убедлива победа за зацврстување на првото место на табелата. Совладана беше селекцијата на Тунис, која пружаше достоен отпор само во првите 20 минути. До крајот на првиот дел Црнагорките успеаа да се одлепат на седум гола разлика, 19:12 беше по првото полувреме.

Во вториот дел играа со половина сили, доволно да ја зголемат оваа позитива, за конечен резултат од 37:26. Радичевиќ повторно блесна и успеаа да постигне 8 погодоци. Кликовац која најчесто сме навикнати да ја гледаме во одбраната на овој дуел доби шанса да ја менува Катарина Булатовиќ на позицијата десен бек и зад нејзиното име да запише 3 голови. Во составот беше уште и Итана Грбиќ, која не успеа да се запише во листата на стрелци. Ова е вкупно трет триумф за Црна Гора, која има уште еден нерешен резултат во дуелот со Србија. Во претходното коло високо ја поразија селекцијата на Унгарија. Во последното петто коло од групната фаза се среќаваат со домаќинот Данска, дуел кој ќе се одигра во петок со почеток од 20:45 часот.