Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар победнички ја прославува есенската титула!
Вардар победнички ја прославува есенската титула!

Вардар победнички ја прославува есенската титула!

ФК Вардар ја заокружи оваа полусезона со сигурна победа од 4:0 против кратовски Силекс. На денешниот натпревар нашите играчи во целост го надиграа гостинот, и заслужено дојдоа до нови три бода, за крај на оваа есен. За ФК Вардар на оваа средба настапија: 90. Гачевски, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 10. Дашјан, 16. Глигоров, 17. Стојков, 19. Хамбарџумјан, 22. Ивановски, 32. Глишиќ, 70. Фелипе, 97. Петковски.

Натпреварот започна со целосна доминација на нашиот тим, шансите за гол се редеа пред голот на гостинскиот голман. Најпрвин во 7 минута од натпреварот убава шанса за гол имаше Ивановски, беше пронајден од страна на Хамбарџумјан, биеше по земја од 10-тина метри, но голманот на Силекс го одбрани овој удар. Потоа, нов шанса имаше Дарко Глишиќ, убаво пројде еден играч на Силекс, биеше по земја, но за малку крај голот на гостите. Нова шанса за Вардарци имаше Фелипе, извонредно биеше од слободен удар, но голманот на Силекс спаси чист погодок остана 0:0. Потоа прва шанса за гол имаше гостинскиот тим, убава можност имаше еден гостински играч кој биеше од 10-тина метри но, над голот на Гачевски. Дашјан потоа се обиде од слободен удар, биеше силно, но само во голманот на гостите. ГОООЛ за Вардар, Дашјан центрира од слободен удар, Хамбарџумјан ја удри топката со глава која дојде до Грнчаров кој од неколку метри со глава го постигнува првиот гол денеска.  Втора добра прилика за Силекс, но ништо од сево ова. На полувреме се замина со 1:0 за Вардар.vardarfans-fkvardar

Започна и вториот дел, прва замена во нашиот тим, на местото на Петар Петковски во игра влегува Дејан Блажевски во 46 минута. Првата посериозна шанса за гол во вториот дел ја имаше Блажевски биеше од косо, но за малку крај стативата на гостинскиот голман. Потоа шанса имаше и  Силекс, но противничкиот играч биеше силно по средината над голот на Гачевски. Потоа ФК Вардар имаше корнер, Хамбарџумјан биеше со глава ја погоди мрежата но од страна, остана 1:0. Втора замена во ФК Вардар, Дарко Велковски влегува на местото на Фелипе во 61 минута. ГООООООЛ за Вардар 2:0, Хамбарџумјан пројде по страна, нафрли, противнички играч малку ја подигна топката, Ивановски си ја прими на гради, и посигна феноменален гол за 2:0 во 73 минута. ГОООООЛ за Вардар 3:0 75 минута од натпреварот Ацо Стојков постигна уште еден одличен погодок од преку 20 метри. Последна замена во ФК Вардар, влегува Евгениј Новак на местото на Немања Мијушковиќ во 81 минута. ГОООЛ за ФК Вардар, Стојков за 4:0 и точка на оваа средба. 
Крај на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК Силекс 4:0
ФК ВАРДАР е есенски шампион. Честитки!