Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Кировски: Нема да ми биде тешко да се адаптирам на средината, со оглед на тоа што веднаш патувам за Словенија
Кировски: Нема да ми биде тешко да се адаптирам на средината, со оглед на тоа што веднаш патувам за Словенија

Кировски: Нема да ми биде тешко да се адаптирам на средината, со оглед на тоа што веднаш патувам за Словенија

27-годишниот Александар Кировски е новиот играч во редовите на Вардар. Кировски доаѓа во “црвено – црните” како слободен играч, а во минатото настапуваше за Чукарички, Земун и Црвена Звезда. Потпиша договор во важност од две години.

“Драго ми е што станав дел од Вардар. Нема да ми биде тешко да се адаптирам на средината, со оглед на тоа што веднаш патувам за Словенија каде ќе бидам дел од подготовките“, изјави Кировски за српски „Журнал“.

Кировски во Вардар ќе има сериозна конкуренција да избори статус прв голман, со оглед на тоа што Филип Гачевски брани во извонредна форма веќе подолго време.