Македонската ракометна репрезентација со пораз ги стартуваше медитеранските игри кои се одржуваат во Тарагона. Ова беше и прв натпревар за Гарсија Парондо, како прв тренер на машката селекција, која на стартот доживеа пораз од репрезентацијата на Турција.
Македонија имаше проблеми со својата игра, а Турција беше во постојана предност. И на полувреме противникот беше во водство, кое изнесуваше два гола разлика (15:13). И во второто полувреме постојано “бркавме“ негатива, за на крајот Турција заслужено да слави триумф со резултат 29:26.
Единствениот играч од редовите на Вардар, на ова натпреварување е десното крило Мартин Поповски, кој заедно со Кузмановски беа најефикасни играчи во денешниот пораз. Поповски го заврши дуелот со одличен ефект од 7 голови, по 9 упатени удари кон противничкиот гол. За Македонија останува да се заборави овој пораз и да се обидеме да бидеме подобри на следните мечеви, против Србија и Египет.