Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Којашевиќ, Ќеран и Денковски во вторник со прв настап за ФК Вардар
Којашевиќ, Ќеран и Денковски во вторник со прв настап за ФК Вардар

Којашевиќ, Ќеран и Денковски во вторник со прв настап за ФК Вардар

Во вторник Фк Вардар ќе го одигра првиот свој контролен натпревар на зимските подготовки во Анталија. Момците на Фк Вардар предводени од Гоце Седлоски ќе се ”судрат” со австрскиот тим екипата на Волфсбергер АЦ, која се наоѓа на последната позиција во австриската прва лига.

Ова значи дека дебито во црвено – црниот дрес ќе го имаат новите двајца играчи Дамир Којашевиќ (среден ред) и Драган Ќеран (напад), покрај нив дебито во црвено – црниот дрес ќе има можност да го запише и фудбалерот кој е на проба во Вардар, Христијан Денковски (средина). Овој натпревар од посебна важност треба да биде за Денковски, кои мора да се докаже пред раководните луѓе од клубот за да биде ангажиран и по овие подготовки. Исто така, интересно ќе биде да видиме како новите двајца играчи на Вардар ќе се снајдат уште на првиот натпевар за новиот клуб.