Утре црвено-црниот фудбалски колектив ќе го има првиот тест-дуел во новата 2016 година на подготовките во Анталија. Вардарци ќе се сретнат со тимот на австриски Волфсбергер АЦ. Мечот помеѓу избраниците на шефот на стручниот штаб на ФК Вардар Гоце Седлоски и австриците ќе може да го проследите низ директен пренос преку видео стрим.
Мечот со Волфсбергер е закажан со почеток во 14 часот и 30 минути на теренот на “Titanic Lara“. Покрај овој меч директен пренос ќе има и од следнте подготвителни натпревари на вардарци: 28 јануари играме со Вил 1900 14.30 (WOW Center Lara), на 5 февруари спарингуваме со Слован Либерец 14.00 (IC Santai Football Center), на 8 февруари се сретнуваме са Металист Харкив 14.30 (IC Santai Football Center) и последен закажан меч ни е со Черноморец Одеса на 12 февруари од 14.30 (IC Santai Football Center – се чека официјална потврда за теренот). Очекуваме веќе во вторник деби настап да забележат Којашевиќ, Ќеран и Денковски. Првите двајца имаат веќе потпишан договор со црвено-црните, а Денковски е сеуште со нерешен статус дали ќе добие договор од Вардар. Според првичниот план во Анталија ФК Вардар ќе одработи 25-дневни подготовки.