Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Утре започнуваат тренинзите во новата година за “петлињата“ на фудбалскиот клуб Вардар
Утре започнуваат тренинзите во новата година за “петлињата“ на фудбалскиот клуб Вардар

Утре започнуваат тренинзите во новата година за “петлињата“ на фудбалскиот клуб Вардар

Утре својот прв собир ќе го имаат и “петлињата“ на фудбалскиот клуб Вардар, генерации родени 2002, 2003, 2004, 2005, 2006 и 2007 година. Фк Вардар генерации “2004“ и “2005 и “2007“ ќе тренираат во С.Ц. Никола Карев кај лептокарија, додека останатите категории подготовките ќе ги изведуваат под Кале, на теренот со вештачка трева.

Генерација родени “2002“ година предводени од Павел Неделковски ќе работат на физичка подготовка, која ќе се реализира покрај кејот на Вардар. Од вторник се очекува овие момци да тренираат на новиот спортски комплекс, во населбата Хиподром. Генерацијата родени “2003“ на Ане Андовски својот прв собир ќе го имаат на теренот под Кале.

Фк Вардар генерација “2004′ на тренерот Филип Арсовски својот прв тренг го имаат утре со почеток од 17 часот во балонот на Никола Карев, кај лептокарија. Ќе се тренира понеделник, среда и петок. Во сабота најверојатно ќе се игра натпревар. Во среда тренингот ќе започне во 17:45, а во петок со почеток од 18:30 часот. Истава програма се однесува и за генерација “2005“ на тренерот Зоран Петковски. Нивниот прв собир ќе започне утре во 17:45 на истата локација.

Избраниците на Игор Кралевски, генерација “2006“ ќе започнат во текот на утрешниот ден, со почеток од 18:45 под Кале, на теренот со вештачка трева. Ќе се тренира понеделник, среда и петок. Во сабота ќе се игра контролен натпревар, додека недела е ден за рекреација на Водно. Својот прв собир ќе го има и нашата најмлада генерација, родени “2007“ година под водство на Томче Трајановски, во С.Ц. Никола Карев со почеток од 16 часот.