Фудбалскиот клуб Вардар пред заминувањето за Охрид каде ќе ги одработи главните подготовки, тренира на спортскиот комплекс во населбата Хиподром.
На тимот се приклучија Мартин Радуловиќ-Величковиќ и Виктор Крстевски, кои се генерација 2002. Двајцата најверојатно ќе останат во црвено-црниот дрес и во новата натпреварувачка сезона.
Иако Крстевски требаше да настапува за екипата на Тиквеш и се договорија, сепак на крајот нема ништо од тоа, па младиот Крстевски останува во Вардар.
Од клубот дефинитивно заминува Георг Стојановски (2004), кој својата среќа ќе ја бара можеби и надвор од Македонија.