Младинската женска селекција на Македонија, која во својот состав има шест девојки од ЖРК Вардар по крајот на групната фаза заврши на 3.позиција. Имавме две победи, едно реми и еден пораз што не беше доволно за полуфинале на ЕХФ Шампионатот во Скопје.
Избраничките на Савевски ќе разигруваат за пласман од 5то до 8то место овој викенд. Првиот дуел ги очекува утре, 17.јули (сабота), наш ривал е тимот на Финска. Натпреварот во спортскиот центар „Јане Сандански“ е закажан со почеток во 15-00 часот.
Во другиот пар во овој сегмент се сретнуваат Косово и Исланд. Во недела ќе играме со една од тие две селекции, секако ако победиме ќе играме со победникот од тој дуел за 5.место, доколку бидеме утре поразени ќе играме со тимот кој впишал неуспех на натпревар за 7.место.