Тимот на РК Вардар 1961 стартуваше со подготовки за новата натпреварувачка сезона. Првиот тренинг започна во теретаната на С.Ц. Јане Сандански, од каде играчите се упатија на фудбалскиот терен каде истрчаа неколку кругови.
На собирот беа присутни новите засилувања, Мартин Томовски, Али Сафар, Дарко Ѓукиќ, Анте Кудуз, Џереми Тото, Жоел Куни Моралес и Бакари Диало, додека единствен кој недостасуваше беше Гурбиндо.