Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Висока победа над Косово, Трајкоска прва двоцифена мак.голманка
Висока победа над Косово, Трајкоска прва двоцифена мак.голманка

Висока победа над Косово, Трајкоска прва двоцифена мак.голманка

Пирова победа на Македонија на ЕХФ Шампионатот во Скопје, ние го совладавме Косово, но бидејќи Ф.Острови беа вчера подобри од Холандија, тие две селекции идат во полуфиналето.

Црвено-жолтата селекција по крајот на групната фаза успеа да го освои 3. место во Групата Б и да се влезе во битка од 5. до 8. место.

На вчерашниот дуел во Спортскиот центар Јане Сандански победивме со 33:16. Македонија го реши победникот на  средбата уште во првите 30 минути,  на одмор се замина со 16:7. Вториот дел беше чиста формалност.

Седлоска беше прв стрелец со 8.гола, од вардарки Миновска погоди 3.пати и еднаш Џатевска. Одлична беше на голот Трајкоска Јована, таа е прва македонска голманка која на овој ЕХФ шампионат дојде до двоцифрен учинок. Јоци сопре 11.удари на девојките од Косово.