Попладнево, РК Вардар го имаше својот прв собир, со што означи старт на подготовките за новата сезона. Клубот одржа и прес-конференција на која пред медиумите се обратија Веселин Вујовиќ, како и дел од новите засилувања. Еден од играчите кои летово пристигна во Скопје е хрватскиот интернационален Анте Кудуз кој доаѓа од екипата на Динамо Букурешт.
Кудуз со импресии говореше за Скопје и новиот клуб, очекува дека брзо ќе се вклопи во филозифијата на Вујовиќ и дека ќе му помогне на Вардар да бележи добри резултати.
-Дојдов во Скопје пред наеколку дена и можам да кажам само позитивни работи за градот. Се чувстувам добро, веќе се одомаќинив тука, што е многу важно за стартот на подготовките. Пресреќен сум и презадоволен, можам да ветам дека ќе давам се од себе на секој тренинг и натпревар. Вардар е еден од најсилните клубови во Европа и Македонски бренд, како што кажав во едно мое интервју, мојот сон беше еден ден да заиграм за Вардар. На мене останува само да работам и да ја оправдам довербата од тренерот, да ја разберам неговата филозофија на работа и да и помогнам на екипата да постигнува добри резултати, истакна Анте Кудуз.
ФОТО: Гол.мк