Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тото: Двете европски титули на Вардар ги гледав во Келн, импресиониран сум!
Тото: Двете европски титули на Вардар ги гледав во Келн, импресиониран сум!

Тото: Двете европски титули на Вардар ги гледав во Келн, импресиониран сум!

Еден од новите играчи во редовите на РК Вардар 1961 е токму кружниот напаѓач Жереми Тото. Тото за прв пат имаше можност да говори за неговиот нов тим, па рече дека малку му е неверојатно што е тука денес. Исто така додаде дека е импресиониран.

„Двете европски титули на Вардар ги гледав во Келн затоа малку ми е неверојатно што сум тука денес. Луѓето ме препознаваат уште веднаш. Досега играв во еден помал град, Плоцк, па различно ми е во Скопје. Импресиониран сум“, изјави Тото.

По четири дена во Скопје тимот заминува за Златибор каде останува до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје, a планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германијa. Следува и Супер Куп дуелот кој ќе се одигра на 11.август во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.