РК Вардар 1961 и официјално означи старт на летните подготовки. Денес Вујовиќ го имаше првиот тренинг со неговиот Вардар, а на него присуствуваа сите нови лица со исклучок на Гурбиндо, кој ќе се приклучи малку подоцна. Популарниот Вујо беше доста расположен на денешниот прес, каде присуствуваа и Тото, Кудуз и Чувара.
„Претседателот ни ја објасни ситуацијата со ЕХФ, околу депозитот. Според информациите, тоа е решено на позитивен начин за Вардар. Првиот тренинг заврши, а на него сите го одработија своето. Како и секогаш, на првиот собир некои играчи се подобро спремни, некои полошо” , рече Вујо.
,,Се надевам дека играчите ќе ја оправдаат довербата, ќе покажат дека сум бил во право. Ќе видиме дали ќе има уште засилувања и во стручен штаб и во играчкиот кадар“, додаде тренерот на „црвено – црните“.
За Вујовиќ ова ќе биде трето враќање на клупата на ,,црвено – црните”.