По посетата вчера на средното училиште “Васил Антевски – Дрен”, денеска дел од фудбалерите на ФК Вардар се дружеа и со дечињата од основното училиште Кирил Пејчиновиќ кое се наоѓа во Кисела Вода. Како и на вчерашниот, така и на денешниот фудбалерите на ФК Вардар ги поканија и дечињата од ова училиште да дојдат и да го бодрат ФК Вардар во недела на градскиот стадион во Скопје.
Ова нема да биде последна посета, утре дел од фудбалерите на ФК Вардар ќе го посетат и oсновното училиште “Невена Георгиева-Дуња“, кое исто така се наоѓа во Кисела Вода. Одличен потег на управата на ФК Вардар кој е за отпоздравување.