Младиот македонскиот фудбалер Лука Војнески е ново име во редовите на најтрофејниот фудбалски клуб, Вардар.
Војнески има 19 години, игра на позицијата последен играч за врска, а во фудбалската кариера има настапувано за екипите на Работнички и Кожув, а беше и во странство во екипата на Опатија од Хрватска.
Ова за Вардар е осмо летно засилување. Постои опција уште некој играч да потпише за Вардар во следниот период.