Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лука Трајковски го засилува Вардар!
Лука Трајковски го засилува Вардар!

Лука Трајковски го засилува Вардар!

По бразилскиот интернационалец Матеус Лемос, Лука Трајковски е второто ново име во редовите на ФК Вардар. Се работи за играч од средината на теренот кој може да одговори и како крилен напаѓач.

Трајковски е поранешен млад репрезентативец на Македонија, кој потекнува од школата на прилепска Победа. Во својата фудбалска кариера ги има носено дресовите на Борец, Македонија ЃП, Тиквеш и споменатата прилепска Победа.

Кога сме кај засилувањата, покрај Матеус Лемос и сега веќе Трајковски, Вардар сигурно ќе го потпише и бразилецот кој е на проба, а во завршна фаза на преговори е со две квалитетни македонски имиња. Вардар од денес е веќе во Златибор, каде ќе ја темпира формата за стартот на новата сезона во ПМФЛ.