Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар замина на подготовки во Златибор, осум играчи од младинската школа ќе се докажуваат пред Грнчаров
ФК Вардар замина на подготовки во Златибор, осум играчи од младинската школа ќе се докажуваат пред Грнчаров

ФК Вардар замина на подготовки во Златибор, осум играчи од младинската школа ќе се докажуваат пред Грнчаров

Осум играчи од младинската школа денес заминаа со сениорската екипа на ФК Вардар во Златибор, каде ќе се одвива главниот дел од подготовките пред стартот на новата натпреварувачка сезона, во која нашиот клуб се враќа со настапи во ПМФЛ.

На подготовки со првиот тим ќе бидат: Никола Филевски, Горјан Цветков, Тино Спасиќ, Симеон Здравковски (2005), Матеј Гаштаров, Давор Лефковски, Марко Николовски (2006) и Павел Грбевски (2008.

Подготовките ќе траат од 15-27.јули, на кои ќе одиграме и четири контролни натпревари.