Женската младинска ракометна репрезентација загуби и од селекцијата на Исланд, во разигрувањето од 13-16.место на ЕП во Романија. Избраничките на Дамчевска беа поразени со резултат 35:29, додека полувреме противникот имаше предност од 15:10.
Од вардаровите играчи, Сара Стефаноска, беше втор најдобар стрелец со 5 постигнати голови, додека во листата на стрелци се запишаа уште и Бојана Коцева со 4 и Борјана Коцева со 2 гола.
За избегнување на последното место на ЕП, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Хрватска која како нас исто така нема победа.