Екипата на Вардар ги користи последните денови од преодниот рок за дополнително да го засили тимот што ќе брка опстанок во елитата, па за таа цел денеска е објавен договорот со талентираниот српски фудбалер, Михајло Милосавиќ.
Михајло Милосавиќ е ново засилување во екипата на Вардар. Доаѓа од српскиот претставник во групната фаза на Лига Европа, екипата на ТСЦ. Во младинските категории бил дел од најголемите српски клубови Војводина, Партизан и Црвена звезда. Милосавиќ има 19 години, игра во средниот ред и е актуелен репрезентативец на Србија во селекцијата до 19 години.
.
Добредојде во најтрофејниот клуб во Македонија Михајло!