Во денешниот меч кој е увертира за новата ракометна сезона, Пелистер влезе како бранител на суперкуп трофејот, но битолчани беа немоќни пред разиграниот Вардар кој покажа дека ќе биде конкурентен за највисоките позиции во новата сезона.
Мечот во Струмица беше исклучително изедначен, ниту еден тим не успеа да се одлепи и да направи предност поголема од два разлика. Во првиот дел Пелистер неколкупати ја имаше таа предност од два гола, но по нивно водство од 8-6 Вардар направи серија од 3-0 и го сврте резултатот. Се играше гол за гол, на одморот се замина со нерешени 13-13.
Вториот дел почна со гол на Пелистер за водство, но Вардар брзо го сврте резултатот и постојано водеше со гол разлика, битолскиот тим изедначуваше. Во финишот од мечот црвено-црните успеаа да се одлепат и на крајот да слават дури и убедливо со 30-26.
Срдановиќ со осум гола беше најпрецизен кај Вардар, додека пак Петриќ постигна седум. Извонреден беше и Јасухира кој имаше дури седум асистенции за гол.
ЧЕСТИТО ТИТУЛА, ВАРДАРЕ!